Настани

Изминатава декада во ХРГ Македонија се специјализиравме во организација на настани од корпоративна природа подготвувајќи содржини и логистика за најразлични собири на деловни луѓе. Нашето MICE (Meetings, Incentives, Conferences, Events) мени постојано се проширува како што им приоѓаме на новите предизвици и новите клиенти:

Кон организацијата на настаните пристапуваме принципиелно – целта е да му се помогне на клиентот да ја пренесе својата порака/продаде својот производ што поуспешно и што полесно. Затоа, кон секој настан ја внесуваме нашата експертиза во одредувањето на концептот, а до самиот извештај за настанот ги носиме работите во свои раце..

Договорот со клиентот најчесто вклучува концепт, логистика, техничка поддршка, работни материјали и кетеринг, но зависно од потребата, во можност сме да понудиме и услуги како уметнички точки, друштвени игри, фото/видео снимање и продукција, режирање, хостеси итн.

На клиентите им нудиме многу опции во однос на локациите, кетерингот, изведувачите, брендирањето на просторот, а посебно внимание посветуваме на концептот на настанот и неговата имплементација. Заради овие можности и исполнителноста, ангажирани сме од нашите клиенти за организација на мали и големи настани во Македонија и регионот.

Подолу е листата на поголемите настани во наша организација:.

14.07.2008 DOING BUSINESS 2009 Bitola (World Bank)
15.09.2009 DOING BUSINESS 2010 Skopje (World Bank)
06 - 09.09.2010 EPE PEMC Ohrid (FEIT)
08 - 11.09.2011 APTEA Ohrid (MOTIVA)
29 - 30.09.2011 FARAMIR Ohrid (FEIT)
12 - 14.09.2012 COST Ohrid (FEIT)
21 - 26.04.2013 ESIT Ohrid (UGD)
12 - 14.09.2013 ISEF Ohrid (FEIT)
03 - 04.10.2013 Joint National Bank of the Republic of Macedonia & European Central Bank on statistics, Skopje (NBRM)
03 - 05.10.2013 FEANI Skopje (TMF)
08 - 11.06/2014 SAEM Skopje (FEIT)
08.2015 PMTKP product launch, Prilep, Macedonia
09.2015 PMTKP Teambuilding Regatta in Bodrum, Turkey
10.2015 Cisco Day Skopje
12.2015 PMTKP employees NY party, Skopje
02.2016 Expanda teambuilding event, Skopje
03.2016 Cisco Day Kosovo, Prishtina
10.2016 Cisco Day Skopje