ХРГ Македонија (БТ Македонија)


Ние обезбедуваме врвни резултати!

Tуристичката агенција БТ Македонија, како представник на светски познатата и докажана групација HRG, специјализирана за деловни патувања и настани, секогаш навремено и професионално ги извршува своите обврски, а услугите кои ги нуди и обезбедува биле на највисоко ниво благодарение на професионалноста и спремноста на вработениот персонал.

Во досегашната наша соработка агенцијата БТ Македонија секогаш била на ниво на задачата, без разлика дали во прашање било патување, конгрес, конференција или друг настан. Навистина можамe да ги препорачамe услугите на оваа агенција со сигурност дека ќе бидат обезбедени во најоптимален можен рок и со сигурност.

Граѓанска Асоцијација „МОСТ“

…Соработката помеѓу HRG Macedonia и Т-Мобиле Македонија АД Скопје датира од крајот на 2004 година. Во овој период Т-Мобиле Македонија АД Скопје повеќепати ги има користено услугите на HRG Macedonia и тоа пред се услугите на хотелски резервации за потребите на службените патувања на вработените на Т-Мобиле во странство. Во текот на целиот период на меѓусебна соработка, односот, услужливоста и кооперативноста на HRG Macedonia беше на коректно и професионално ниво, излегувајќи во пресрет на нашите барања.

ФИООМ – Скопје