Менаџмент на патувања
Покрај редовната продажна услуга за карти, аранжмани, резервации и сл., во БТ Македонија им нудиме на своите корпоративни клиенти напредни услуги за менаџмент на патувања. Ние градиме план за работа прилагоден на потребите на клиентот; Спроведуваме анализи за поставените цели, преговори со добавувачи, пресметки за штедливост, додека секогаш нудиме иновативни начини за бизнис патувања.
Нашиот општ пристап е создавање на патнички профил на секој клиент, бидејќи секој клиент е различен. Додека ги следиме патните модели на клиентите, даваме подобри предлози за: авионски компании, хотелски синџири и агенции за изнајмување на автомобили според целите и политиката на клиентот. БТ Македонија обезбедува целосни консултантски услуги за да создаде идеален профил за патувања, да ги оптимизира придобивките, да преговара за подобри договори и цени за корпоративните клиенти и да ги надградува договорите добиени од добавувачи.
Ние сме членови на разни корпоративни туристички мрежи за хотелски аранжмани, rent-a- car, возни карти, авионски патувања и други услуги кои обезбедуваат квалитетна услуга по најповолни цени и под најдобри услови за нашите клиенти. Нашиот најголем квалитет е разновидноста на можностите што ги нудиме на нашите клиенти за удобни планови за патување.