Возови низ Европа - Rail Europe
БТ Македонија може да ви помогне да го подготвите вашето патување со воз, или било која авион-воз комбинација. Ние сме единственото официјално продажно место за Rail Europe билети во Македонија и го имаме најголемото знаење за возен менаџмент во земјата.
На стариот континент, возовите се сметаат за основен начин за транспорт со кој што патуваат повеќето Европејци. Тие се модерни, постојани и понекогаш многу брзи. Во срцето на европската железница е широка мрежа на супер брзи возови кои што понекогаш им парираат на авиокомпаниите. Но, за разлика од летањето, нема неколкучасовни безбедносни проверки, ограничувања на багажот, скриени трошоци... а и нема нервози!
За разлика од оддалеченоста на повеќето аеродроми, возот ве води од центарот на еден чудесен град во центарот на друг. Дури и најосновната карта за втора класа нуди повеќе простор и удобност од било кое седиште во економска класа во авион. Повеќето возови се климатизирани и без пушење со многу простор за багажот (без доплати).
Растечката популарност на возовите донесе многу добри нешта како фреквентни поаѓања и пофлексибилни патувања. Се’ почесто комфорните возови нудат атрактивни бифе-вагони, како и приклучоци за струја и Wi-Fi за патниците.