Цена: 32 €
(4 – 5 часовна тура)
Организиран трансфер од хотел до град Струга. Пристигнување во центарот на градот, одејќи од местото каде што Охридското Езеро истекува во реката Црн Дрим, до Старата струшка чаршија.
Групата ќе има можност да ја види посебната архитектура на градот, со многуте ресторани и кафе барови кои се наоѓаат на прекрасниот брег на реката Црн Дрим.Турата продолжува со автобус до Калишта во близина на албанската граница, каде што групата ќе има можност да ја видат прекрасната пештерска црква, манастирот Св. Богородица.
Подоцна продолжуваат кон селото Вевчани, близу Струга, лоцирано на подножјето на планината Јабланица, исполнето со неверојатната природа формирана од малите водопади, изворите и паркот. Потоа, возење назад во хотелот.
Цена: 32 EUR по лице (мини-автобус, минимум 12 патници)
Цената вклучува:
– организиран трансфер до дадените дестинации
– искусен водич на англиски јазик
– билети за локалните места, манастирите и музеите
* БТ Македонија го задржува правото за откажување, промена или замена на било која услуга поради некоја причина, вклучително и недоволен број на учесници.