Цена: 47 €
(Дневна тура)
Организиран трансфер од хотел во Скопје до Охрид. По два часа се пристигнува во Охрид. Посета на Горна Порта, Галеријата на икони и црквата Св. Богородица Перивлепта во центарот на градот, која датира од 1295 година, продолжуваме со Античкиот театар. Групата оди кон прекрасната црква Св. Климент Охридски на Плаошник. Овде групата ќе има можност да ужива во прекрасен поглед. Потоа посета на црквата Св. Јован Канео, која датира од 14 век. Посета на катедралната црква Св. Софија од 11 век покриена со импресивноо фрескосликарство и Музејот на град Охрид, каде што можат да се видат изложбите од раното неолитско – камено време до денес. Потоа следи враќање на градскиот плоштад Охрид и Старата чаршија. Слободно време за шопинг (посета на продавници со оригиналниот Охридски бисер). Еден час ручек во ресторан во Охрид. После ручекот турата продолжува во градот – музеј на вода (предисториска населба во езерото, кое претставува подводно археолошко наоѓалиште кое датира од ранохристијанскиот период). По разгледувањето на Заливот на Коските, групата продолжува во манастирот Св. Наум. Манастирскиот комплекс лежи на карпи, опкружен со прекрасната природа создадена од изворите на реката Црн Дрим, која влегува во Охридското Езеро, создавајќи прекрасни природни слики. Целото место е дарувано со најголемите извори на охридското крајбрежје, чистата вода и прекрасната природа. Црквата Св. Наум датира од X век, изградена од истоимениот монах и чудотворец, Свети Наум. Гробот на Свети Наум е во црквата, во посебна комора, која има многу мурали кои зборуваат за неговите дела. По разгледувањето на манастирот, групата има можност да плови со кајче низ ледените води на изворите со азурни бои. Враќање во Скопје.
Цена: 47 EUR по лице (автобус, минимум 35 патници)
Цената вклучува:
– организиран трансфер до дадените дестинации
– искусен водич на англиски јазик
– билети за локалните жители, манастирите и музеите.
* БТ Македонија го задржува правото за откажување, промена или замена на било која услуга поради некоја причина, вклучително и недоволен број на учесници.