Тура низ Град Скопје

Тура низ Град Скопје

Цена: 35 €

Организиран трансфер од хотел до тврдината Кале – највисоко место во градот. Калето има остатоци од неолитот и раното бронзено доба, 4000 години п.н.е., а денешните ѕидини се изградени во VI век.

Потоа, доаѓа посетата на Мустафа-пашината џамија, која е еден од најубавите исламски споменици на културата во Македонија.
Куса прошетка низ старата чаршија, која има повеќе од 2000 продавници, со многу улички и убави стари куќи.
Старата чаршија, со својот шарм и мирисот на различни цвеќиња, зумбули и босилек кои ги красат продавниците, ги фасцинира посетителите. Потоа групата продолжува до црквата Св. Спас, XVI век, и позната по уметничката изведба на иконостасот.
Подоцна турнејата продолжува до Чифте Амам – Националната галерија, Музејот на град Скопје, преку Камениот мост до спомен-куќата на Мајка Тереза, а по патот разгледување на градскиот плоштад и центарот на Скопје до Старата железница Станица.
Од тука, со автобус, турата продолжува до црквата Св. Пантелејмон во селото Нерези, XII век, врвно уметничко дело на византиската уметност.
По кратка пауза, назад во хотелот.

Цена: 35 EUR по лице (мини-автобус, минимум 12 патници)
Цената вклучува:
– организиран трансфер до дадените дестинации
– искусен водич на англиски јазик
– билети за локалните места, манастирите и музеите.

* БТ Македонија го задржува правото за откажување, промена или замена на било која услуга поради некоја причина, вклучително и недоволен број на учесници.